| четврток, 6 декември 2018 |

Зеленчук кој лекува сѐ

Цвеклото е многу здрав зеленчук. Може да се подготува и заедно со лисјата.

Kарактеристичната црвена боја и силните антиканцерогени својства на цвеклото му ги даваат антоцијаните. Но, покрај нив, цвеклото содржи и бетаин, кој има исклучителни антивоспалителни својства, го чува срцето и ги содржи витамините Б1, Б2, Б12, Ц, железо, магнезиум, јод и уште многу неопходни работи.

Цвеклото ја регулира циркулацијата, нивото на холестерол и ја потпомага работата на црниот дроб. Одлично е во борбата против анемијата, но и во борбата против стареењето.

Има високо ниво на антиоксиданти, целулоза и пектин, кој е сјаен за варењето. На сите спортисти им се препорачува консумирање цвекло бидејќи тоа ја зголемува силата и издржливоста на организамот.

А како да го консумирате? Сурово, цедено, сварено, печено – сето тоа доаѓа предвид. А листовите никако немојте да ги фрлате, туку сварете ги и нив бидејќи се неверојатно богати со калиум, а најновите истражувања покажаа дека внесувањето намирници со високо ниво на калиум, со дополнително намалување на натриумот може да го намали ризикот од срцеви болести за 21 процент.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top