| четврток, 6 декември 2018 |

Првпат на снег: На Бразилка ѝ се слошило скијајќи на Златибор

Температурата од минус 20 степени, која вчера била забележана на скијалиштето Торник на Златибор, била престудена за Бразилка, која дошла на зимски распуст во Србија.

Ова бил прв снег за Латинскоамериканката, која на скијање дошла заедно со момчето, инаку Србин.

Иако во прв момент таа скијала без мака, на половина пат ѝ се слошило. Некако стигнала до првата колиба тресејќи се од студ и повторувајќи само „cold, cold“ (ладно, ладно).

 

Екипата за спасување од Горската служба ја пренела измрзнатата девојка до амбулантата, каде што се загреала и потоа се вратила на снегот, но на пониските патеки, каде што температурата е за неколку степени повисока.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top