Скијачкиот центар „Нижо Поле“, што се наоѓа над истоименото потпелистерско село, викендов овозможи ноќно скијање на патеките што се наоѓаат на 1 585 метри надморска височина.
Од ЈП „Стрежево“ – Битола, кои стопанисуваат со скијачките патеки, информираат дека љубителите на зимските спортови сѐ повеќе се заинтересирани за атрактивно скијање и затоа се одлучуваат за ноќно скијање.
– Амбиенталното осветлување на патеката за скијање се врши од неколку платформи на кои се поставени 45 канделабри и дополнителни 20 канделабри кои ја осветлуваат ски-патеката по нејзината должина. Битолчани, но и гости од државата и странство викендов уживаа скијајќи дење, но радува податокот што имаше и љубители на ноќно скијање исполнето со многу адреналин и задоволство – посочуваат од скијачкиот центар „Нижо Поле“.
Скијачкиот центар „Нижо Поле“ освен со два ски -лифтови, располага со детски парк, чајџилница, 48 клупи и други зимски рекреативни реквизити.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хитер најбрза на спустот во Лејк Луиз, спектакуларно излетување на Линдзи Вон (видео)
-
Сребрен медал во супервелеслалом за Бојан Трајковски на Специјалната олимпијада во Австрија
-
Хиршер го освои шестиот Кристален глобус (ВИДЕО)
-
Драма на СП: Стравотен пад на скијачот од Монако, врескал од болки (видео)