Во Македонија левицата, особено СДСМ е наследник на комунистичкиот татко, на Милошевиќ, а пред Милошевиќ од Ранковиќ – човекот кој ја изврши најголемата ликвидација на Албанци на овие простори. СДСМ е продолжение на таа политичка партија, изјави во „Отворено студио“ на ТВ НОВА аналитичарот Никола Србов зборувајќи за корените на двете најголеми политички партии во Република Македонија.
„Од другата страна ги имаме ВМРО-ДПМНЕ – партија којашто во континуитет ги всадува сите организации ВМРО од основањето кои се за соработка со Албанците. При формирањето, македонската револуционерна организација никогаш немала проблем со Албанците, имала проблем со Грција, Бугарија, Србија и Османлиската империја, немала потреба организацијата да се бори против Албанците. Меѓу двете светски војни најголемата соработка на ВМРО е со албанската организација. По втората светска војна, за време на Југославија ВМРО-вските организации се залагаат за создавање на обединета македонска независна држава што ќе биде протекторат на САД. Додека Македонците под капата на ВМРО го барале токму ова во Македонија, пријателите Албанци градеа бункери велејќи дека ќе се бранат од лошите Американци и склучуваа договори со Сталин, а комунистите отвораа логори, Голи Оток, Идризово“, објасни историчарот Србов.
Тој додаде дека мора да се разграничи кој и од каде потекнува, па оттаму да си ја влече идеологијата.
„Не може некој кој до вчера бил комунист, сега да станува демократ па уште и поборник за албанските права, а оние што се ВМРО да бидат анти-албански настроени“, заклучи Србов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Србов: Референдумот беше поништен од граѓаните, со тоа Собранието нема за што да расправа или одлучува
-
Бараат да си ја убиеме и меморијата
-
Србов:Подземјето поттикнато од политиката на Заев започнува се побрутално да се пресметува со луѓето од спротивниот табор
-
Србов: БЕСА не сака во Влада со осомничени од СЈО кое е под контрола на СДСМ, а не ѝ пречи што Заев е осомничен од ЈО за „Поткуп“