| четврток, 6 декември 2018 |

Цел град остана без греење на -15

Жителите на босанскиот град Зеница денеска утро на температура од минус 15 се разбудиле со студени радијатори. Целиот град останал без греење поради дефект на електрониката на компанијата „Арчелор Митал“, која обезбедува топлинска енергија.

-Од „Арчелор Митал“ не известија утрово дека е замрзната електрониката и дека овој дефект ќе биде саниран во текот на денот. Поради технички проблеми на котелот број два за производство на топлинска енергија во погонот Енергетика и не можноста за стартување на котелот број еден како алтернативно решение дошло до престанок на испораката на топлинска енергија, изјавиле од ЈП „Греење“ – Зеница за klix.ba.

Сите расположливи тимови на компанијата се ангажирани на отстранување на дефект.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top