Вчера околу 09,30 часот во с.Сопот- светиниколско, во дворот од куќата на Ж.П. (58), настанал пожар во помошна просторија.
При гаснење на пожарот од страна на месното население пронајден е починат сопственикот. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од ПС-Свети Николе, а смртта била констатирана од страна на мртвопроверител, како последица на карбонификација без знаци на насилство.
Телото на починатиот е предадено на семејството.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.