| четврток, 6 декември 2018 |

Нишикори и Димитров финалисти во Бризбејн

kei-nisikori

Јапонскиот тенисер Кеи Нишикори и Бугаринот Григор Димитров ќе играат во финалето на АТП турнирот во Бризбејн, Австралија.

Ова е епилогот по полуфиналните мечеви одиграни рано утрово по македонско време.

Прво Нишикори го совлада Стен Вавринка со 2-0, по сетови 7:6 и 6:3 за еден саат и 43 минути игра.

Во второто полуфинале Димитров го победи Милош Раониќ исто така со 2-0, по сетови 7:6 и 6:2.

Мечот за трофејот е закажан за утре со почеток во 10 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top