| четврток, 6 декември 2018 |

Ограбени две цркви во Маврово

Непознати сторители, ги ограбиле црквите „Св. Никола“ во селото Маврово и „Св. Кирил и Методиј“ во Маврови Анови и ги однеле доброволните прилози на верниците.

Според СВР Тетово, чии екипи извршиле увид, тешките кражби најверојатно се случиле во периодот од полноќ, па до утрово на речиси идентичен начин. Во објектите е влезено со кршење на катинарите на влезните врати, а потоа биле разбени и кутиите во кои се собираат парични прилози.

Од првичните сознанија, од црквата „Св. Никола“ украдени се околу 7.000 денари и педесетина евра, а од „Св. Кирил и Методиј“ околу 7.000 денари.

По увидот, најдени се траги кои се предадени на вештачење, а полицијата трага по сторителите. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top