| четврток, 6 декември 2018 |

По грешка: Британската кралица Елизабета за малку ќе била застрелана

Британската кралица Елизабета Втора за малку ќе била застрелана од чувар во Бакингемската палата, додека шетала навечер на имотот.
Според „Индепендент“ за овој инцидент раскажал поранешен стражар во палатата.
Кралицата имала навика да шета ноќе кога не можела да заспие. Една ноќ, додека бил на должност во Бакингемската палата, стражарот забележал фигура во темницата. Не знаејќи дека е кралицата, тој за малку ќе ја застрелал.
Кралицата презела одговорност што го ставила во непријатна ситуација, па му рекла дека се е во ред.
– Следниот пат прво ќе се јавам, па не ќе мора да пукате во мене – рекла британската кралица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top