| четврток, 6 декември 2018 |

Малолетници го каменувале возот Велес-Скопје

На дел од пругата помеѓу железничка станица Драчево и железничка станица Лисиче, вчера во 15.10 часот, од страна на неколку малолетници извршено е каменување на патничкиот воз кој сообраќал на релација Велес-Скопје.

Од каменувањето искршени се две неподвижни прозорски стакла, сопственост на Македонски железници, додека повредени патници нема.

По извршеното каменување, возот го продолжил патувањето до железничка станица Скопје.

Се преземаат мерки за целосно расчитување на случајот.

Фото:архива

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top