| четврток, 6 декември 2018 |

Секоја вечер, илјадници луѓе ширум светот го сонуваат овој човек, а објаснувањето е и повеќе од чудно…

Се почнало  во 2006 година во Њујорк кога една млада жена му нацртала  на својот психијатар скица на човекот  кој константно го сонувала. Таа тврдела дека овој човек  е многу важен за неа поради тоа што и дава пријателски совети. Проблем? Тоа се случувало само во сништата! Во стварноста никогаш не го видела.

Психијатарот го оставил цртежот на маса, а тогаш се случило нешто неверојатно. Еден друг пациент го препозна човекот. Дали го познавал? Не, и тој го сонувал!

Психијатарот тогаш го поделил цртежот на своите колеги  и ги замолил да го покажат на своите пациенти. Четири од нив признале дека често го сонуваат истиот човек. Од тогаш, повеќе од 2000 луѓе ширум светот тврдат дека ја сонуваат истата личност, пишува порталот Виралнова.

35289-covek-iz-snova-580x0

Фотографиите на сајтот посветен на овој мистериозен  феномен докажуваат дека случаи на „средби“ доаѓаат од сите краишта на светот:

Лос Анџелес – САД

35290-covek-580x0

Берлин – Германија

35291-nepoznati-covek-580x0

Сента – Србија

35292-nepoznati-covek-580x0

Постојат повеќе теории за тоа зошто токму овој човек е присутен во сништата на луѓето кои меѓусебно не се познаваат и живеат во меѓусебно оддалечени делови од светот. Најбројни се оние кои тврдат дека луѓето имаат колективна свест и дека овој човек претставува архетип кој се појавува за да ги теши поединците во тешките времиња.

35293-covek-iz-snova-580x0

Другите теории се невообичаени. Некои тврдат дека тоа е лицето на Господ кој земал човечка форма за да ги советува луѓето. Има и такви кои мислат дека се работи за реална личност – човек кој има моќни психички способности и е во состојба да навлезе во главите на илјадници луѓе.

Некои одат толку далеку што тврдат дека овој Човек е продукт на големите корпорации како дел од планот за ментална контрола.

Сепак, постои и една , доста пореална теорија. Имено, сега кога постои сајтот, одреден број луѓе можеби ја виделе фотографијата на овој човек или ја слушнале приказната за него. Во овој случај, сништата за него не би биле ништо невообичаено туку би претставувале начин на кој мозокот се поигрува со нас.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top