| четврток, 6 декември 2018 |

Нови строги правила од Баерн до фудбалерите: Или научете германски или ќе си одите од клубот

uli henes

Челниците на најтрофејниот германски клуб, Баерн Минхен одлучија да постават строги правила, кога е во прашање јазикот кој што ќе се користи во соблекувалната на екипата. Тие им поставија ултиматум на сите странски играчи кои ќе пристигнат во Минхен да научат германски јазик за половина година, или нема да добијат шанса за настап.

– Основниот јазик во нашата соблекувална мора да биде германски! Во спротивно би можеле да настанат кланови, а тие чекор по чекор водат кон поделба. Не е добро кога некој играч не може рамноправно да комуницира со останатите играчи, тренери и останатите членови на екипата. Странските играчи мора да се интегрираат, а за тоа ќе мора да го научат германскиот јазик! Ако тоа не го направат, јасно ставаат до знаење дека не го почитуваат клубот. А, тоа така нема да може да се случува… Не сме размислувале за некаква казна, а таа би можела да биде или парична, или продажба на самиот играч. Ако некој не сака да го научи јазикот, значи дека не сака да биде овде – заврши Хенес.

Странските фудбалери ќе имаат период од шест месеци за да го научат германскиот јазик, а за тоа ќе ги имаат сите потребни услови. Во спротивно ќе се соочат со висока казна, која би можела да значи исфрлање од клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top