| четврток, 6 декември 2018 |

Со години не сум го нашла ветробранското стакло замрзнато – Ова е трикот кој и го „украле“ сите соседи

sneg-staklo

Снегот е ноќна мора за секој возач, а една од работите која најмногу ги иритира возачите е заледеното ветробранско стакло на автомобилот кога наутро ќе тргнат да го запалат. Една девојка од Хрватска вели дека го нашла лекот за оваа мака и дека повеќе не мора секое утро да минува смрзнувајќи се додека го гребе стаклото на автомобилот.

– Едноставно ја земав фолијата која на лето ја заштитува шал таблата од сонцето и секоја вечер ја ставам од надворешната страна и ја прицврстувам со бришачите. Кога моите соседи видоа дека трикот има ефект, ги оставија гребаликите и почнаа да го прават истото, вели таа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top