| четврток, 6 декември 2018 |

Цигари, бензин, кафе, интернет – Нов бран поскапувања во Грција

supermarket_grcija

Секојдневните навики на Грците со промената на годината стануваат и поскапи. Новите, зголемени даноци на кафето, цигарите, нафтата, фиксната телефонија и на Интернет, се очекува 2017 година да ја направат уште потешка за јужниот сосед.

„Новогодишното пакетче“ со новите даноци беше изгласано од грчкиот парламент уште во мај минатата година, а од 1 јануари стапи во сила. Промените се однесуваат на Грците, но индиректно и на туристите што ја посетуваат Грција, а меѓу нив и Македонците. Македонските државјани сега ќе треба добро да се подготват за патувањето во Грција – резервоарот на возилото да го наполнат во Македонија, а пушачите да се снабдат со цигари.

Со промената на годината експресно се променија и цените на бензинот на бензинските пумпи низ Грција. Па, така, сега цената за еден литар е од 4 до 10 центи повисока во споредба со последниот ден од 2016 година. Од половина до 1 евро се зголемува цената на цигарите, додека, пак, кафето се очекува да биде околу 20 центи поскапо.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top