Вчера во 12.15 часот во ПС ОН Чаир, социјален работник од Јавна установа за загрижување деца со воспитно-социјални проблеми и со нарушено поведение – Скопје, заедно со единаесетгодишна штитеничка во установата, а која претходно била пријавена за исчезната, пријавиле дека на 29 декември околу 12.30 часот со автобус стигнала во населба Бутел 1 и на автобуска станица се сретнала со друга штитеничка на установата. Потоа заедно отишле во населба Шуто Оризари, кај бабата на втората штитеничка.
Бабата ѝ рекла дека ќе ѝ биде снаа и дека нема да си оди, по што ја влечела за коса. Веднаш потоа дошол нејзиниот внук со кој ја внеле во друга соба, ја заклучиле вратата и истиот се обидел да има сексуални односи со неа. Девојчето прво се спротивставувало, а потоа се согласило и имале сексуални односи.
Бабата на втората штитеничка не ѝ дозволила да излезе од куќата и да си замине.
Следниот ден единаесетгодишното девојче успело да побегне и за настанот кажала на својот чичко.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.