Кумановец заработи кривична пријава бидејќи со секира им се заканувал на сопругата и синот.
Според информациите од Министерството за вантрешни работи, на осми овој месец, 57-годишниот П.Д. од кумановското село Кучкарево го тероризирал своето семејство.
Прво започнал вербална расправија со неговата сопруга С.Д. по што тој почнал да ја удира со дрвен предмет.Таа успеала да избега по што со секира се заканувал по нејзиниот живот и животот на нивниот син.
Тој од кумановската полиција доби кривична за сторено дело „загрозување на сигурноста“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



