Општина Вевчани денеска ќе ја презентира програмата за претстојното издание на Вевчанскиот карневал 2017, една од најголемите и најуникатни културни знаменитости во државата.
На презентацијата на програмата ќе учествуваат дел од музичките изведувачи кои ќе настапат на годинашното издание, претставник од Министерство за култура и градоначалникот на општина Вевчани, Цветомир Угриноски.
Вевчанскиот карневал се одржува еднаш во годината и го слави доаѓањето на Новата година според стариот календар.
Карневалот според своите специфични особини се одвојува од останатите во светот поради неговата архаичност, традиционалност, таинственост и уникатни маски. Учесниците на карневалот изведуваат традиционални обредни игри со современи маски, а во чест на верскиот празник Свети Василиј Велики – заштитник на вевчанските василичари, на Вевчани и на вевчанци.
Вевчанскиот карневал има традиција повеќе од 1.400 години и е спој меѓу паганското и современото.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.