Филип Шепа и официјално е нов член на Карпош Соколи и по само неколку месеци пак ќе го носи дресот на скопскиот клуб од населбата Карпош. Шепа мина полусезона во Романија, за екипата на Крајова имаше просек од 8,6 поени, 4,3 скока и 3,3 асистенции на осум одиграни натпревари.
Во нашата земја Шепа, покрај за „соколите“ настапуваше и за Кожув од Гевгелија, а Драган Николиќ во него гледа одлична замена за хрватскиот интернационалец Горан Врбанц.
Своето повторно деби во дресот на Карпош Соколи, Шепа ќе го има за време на викендот кога скопскиот тим му гостува на Партизан во Белград.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.