| четврток, 6 декември 2018 |

Почнаа со работа жири-комисиите на ДПМ

Жири комисиите на Друштвото на писателите на Македонија, за доделување на наградите за најуспешни книжевни остварувања во 2016 година, вчера ја започнаа својата работа.

На конкурсот за годишните награди на ДПМ пристигнаа 83 дела од сите жанрови. Книгите конкурираат за наградите „Ацо Шопов“ за поезија, „Стале Попов“ за проза, „Димитар Митрев“ за критика и есеистика, „Ванчо Николески“ за книга за деца, и „Книжевен мост“  за најдобра книга напишана на еден од јазиците на националностите.

Резултатите ќе бидат познати до крајот на јануари, а наградите ќе бидат врачени на 13 февруари, на свеченоста по повод  големиот јубулеј: 70 години од основањето на Друштвото на писателите на Македонија.

Одлуките за најуспешните остварувања ќе ги донесат жири комисии составени од 15 истакнати писатели, универзитески професори, научни работници, критичари и есеисти. Членови на жири комисиите се: Виолета Танчева Златева, Венко Андоновски,  Блаже Минески, Ресул Шабани, Маја Јакимовска Тошиќ, Ефтим Клетников, Иван Чаповски, Наташа Аврамовска, Василе Димески, Јусуф Едип, Мишел Павловски, Делвина Керлуку, Стојан Тарапуза, Христо Петрески и Јовица Илиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top