| четврток, 6 декември 2018 |

Истрага за корупциски скандал во Грција

%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%bd%d0%b0

Грчкото Министерство за правда денеска вети „брза и детална“ истрага за корупција, во која наводно е вмешана и швајцарската фармацевтска компанија „Новартис“.

Министерстот за правда Ставрос Контонис побара истрага по сведоштвата кои се појавиле во медиумите за плаќање поткуп на службеници од „Новартис“, се наведува во соопштение на Министерството.

Според судски извори, веќе два месеца во тек се истражни постапки и околу 178 лица биле сослушани во Грција. Случајот повторно е актуализиран во последните денови по обидот за самоубиство во Атина во неделата од страна на грчки висок претставник на фирмата „Новартис“, кој бил спречен од полицијата. Агенти на ФБИ се наоѓаат во Атина, кои заедно со грчките власти ќе водат истрага за швајцарската компанија, која беше во центар на вниманието во САД во 2014 година, кога се водеше судска истрага поради давање поткупи за стимулирање на порачките на некои од нивните производи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top