| четврток, 6 декември 2018 |

Градоначалникот Трајановски оствари средба со бездомни лица

sredba-na-trajanovski-so-bezdomni-lica-3

На првиот работен ден од новата 2017 година, градоначалникот  на Град Скопје, Коце Трајановски, одржа состанок со бездомни лица коишто се заинтересирани и мотивирани да бидат работно ангажирани.

На состанокот со лицата се разговараше за нивното претходно работно искуство и за можностите за нивно вработување и активно придонесување во општеството.

До сега, во 2016 година со поддршка на Град Скопје, работно се ангажирани 8 лица во јавните претпријатија, а таа практика Градот планираме и во иднина да ја продолжи и да им помага на оваа категорија граѓани.

sredba-na-trajanovski-so-bezdomni-lica-1

Со континуирана грижа и вработување на нови лица значително се подобрува квалитетот на животот на овие граѓани во ризик, жители  на Град Скопје.

На состанокот активно учествуваше и претставник на Црвен крст на Град Скопје, координатор на активностите на Пунктот за бездомни лица во Момин Поток, кој, исто така, секоја година е поддржан со 500.000 денари од Буџетот на Град Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top