Некoгаш важеше за еден од најдобрите напаѓачи во светот, но никогаш не го исполни својот потенцијал. Го споредуваа со големиот Роналдо, но заврши неславно онаму каде што почна. Многумина веднаш ќе се сетат дека се работи за Адриано, момчето со убиствената левица кое никогаш не ги достигна фудбалсите височини.
Бразилките фавели не се убаво место за растење. Исполнети со дрога, криминал и сиромаштија, бразилците велат дека таму нема многу избор. Или ќе се бавиш со нелегални работи или ќе играш фудбал. Од овие лоши маала дошле голем неколку светски ѕвезди како Зико, Ромарио и Роналдо, а оттаму тргна и Ардиано Летие Риберо.
Тој својата кариера ја започна во Фламенго во 1997 година на свои 15 години. Му требаа 3 години за да дебитира, а набрзо се намета и во првиот тим.
Иако не забележа некои поголеми успеси во Фламенго, скаутите го детектирале неговиот потенцијал, па брзо премина во Интер кој младиот Адриано го прати на позајмица во Фиорентина.
Во тоа време Италија ја имаше најсиланта фудбалска лига, па на Адриано му требаше малку време да се снајде. По пола година во Фиренца премина во Парма која го откупи неговиот договор, а таму веднаш заблеска. Висок и силен со фантастична лева нога, Адријано во својата прва сезона во Парма даде 17 гола. Интер потворно го одврза кесето и плати околу 22 милиони евра за бразилецот, сума која во тоа време беше прилично висока за фудбалер.
2004 и 2005 беа врвот на кариерата за Адриано. Тогаш тој ја освои Копа Америка со Бразил како и купот на Конфедерации, а во дрвете натпреварувања беше најдобар стрелец. Тие години постигна и 28 голови за Интер и се чинеше дека прераснува во еден од најсилните напаѓачи во светот.
Но по тие две години се тргна надолу за него. Некои велат дека смртта на неговиот татко бил настанот во неговиот живот од кој никогаш не се опорави и остави огромна трага во неговата кариера, а имаше и проблеми со повредите. Тогаш се влоши и неговата ментална состојба и Адриано падна во депресија.
Тоа беше видливо на теренот каде популарниот Императотр играше во слаба форма за Интер, а имаше и разочарувачка кампања со Бразил на светкото првенство во 2006.
На почетокот на натпреварувачката 2006-07 тој имаше големи проблеми со тежниата и почна се повеќе време да минува во дискотеките со своите пријатели.
Интер го прати на позајмица во Сао Паоло каде знаеше да блесне, но кога се врати во Интер пак тргна по старо. Во следните три сезона за миланскиот тим тој постигна само 14 гола, а кога Мурињо дојде на клупата на Интер го продаде во Фламенго.
Таму по една релативно успешна сезона се врати во Италија, поточно во екипата на Рома. Сепак и во дресот на волчицата не се задржа долго, па се врати во Брзил каде следните неколку години пред да ја заврши кариерата настапуваше за Коринтијанс, Атлетико Паранансе како и за Мајами Јунајтед во САД.
Сега тој живее таму од каде што излезе, во бразилските фавели. Во неколу наврати јавноста можеше да го види како со оружје, но и со недозволени супстанции позира во темните бразилски улици. Медиумите пишуваат дека од богатството коа го заработи во фудбалот нема веќе ништо, а како вечна дилема ќе остане прашањето што се можеше да направи Адриано доколку само малку повеќе и попсветено му пристапеше на фудбалот…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.