| четврток, 6 декември 2018 |

Сочуство од премиерот Димитриев до турскиот премиер Јилдирим

dimitriev

Премиерот задолжен за спроведување на изборите, Емил Димитриев изрази сочувство до турскиот премиер Јилдирим по синоќеѓните нови терористичики напади во Турција. Во продолжение го пренесуваме текстот интегрално:

Почитуван премиере Јилдирим, Веста за грозоморниот терористички акт кој се случи во Истанбул длабоко ме потресе и вознемири.

Осудувајќи го овој акт на терор Ве молам примете ги изразите на длабоко сочувство и пренесете им ги на семејствата на жртвите.

Граѓаните на Македонија се со граѓаните на Турција во овој тежок миг.

Македонија и Турција стојат заедно со целата меѓународна заедница во борба против тероризмот кој претставува глобална закана за човештвото и кој мора да биде поразен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top