На сите нас, и на економијата потребна ни е политичка стабилност. Таквата политичка стабилност би гарантирала уште поголем број на инвестиции, на нови работни места и зголемување на стандардот во 2017 г. Јас лично, и партијата која ја предводам ќе направиме се што е во наша моќ да се обезбеди политичка стабилност, да заврши политичката криза и земјата да чекори напред. Креаторите на кризата ги одолговлекуваа изборите, но на крајот тоа стана неизбежно. Народот го кажа своето мислење, и тоа мора да се почитува. Секој од нас политичарите од различните политички партии треба да извлече поука од пораките кои граѓаните ги испратија на последните избори, и да се фокусираме да направиме најдобро за земјата и за сите граѓани во неа, подвлече Груевски во новогодишното обраќање.
Реформите кои водат кон подобрувања на секој план мора да продолжат. Во преден план треба да се интересите на граѓаните и на нашата заедничка држава Република Македонија. Треба да се поттиснат напорите за надворешни влијанија чија цел се туѓи, а не наши интереси, на нашата држава и граѓани.
-На последните избори некои политичари поттикнати од некои центри на моќ играа на картата на чувствата на различните етнички заедници во Македонија. Таа карта им беше инструмент за остварување на други цели. Во суштина сите ние, Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Србите, Бошњаците, Власите и сите останати, христијаните, муслиманите, евреите, атеистите, сите се соочуваме со исти проблеми. На сите нам ни е потребен уште позасилен економски развој, нови работни места, повисок стандард, повисоки плати, пензии, субвенции, повеќе можности и шанси особено за секој млад човек, поспокојни денови за пензионерите, поголема сигурност за земјоделците, извесност и перспектива. Оттука, нашите напори треба да се концетрираат во тој правец. Ветувањата од кампањата мора да се реализираат. Разгорените страсти и преголемиот политички јаз да се да се намалат и нормализираат, меѓуетничките односи да се надградуваат во позитивен дух. Изборите се зад нас, и по формирањето влада треба да се зафатиме со работа и активности на економски план, на планот на реформите во сите области, на планот на стратешките приоритети за приклучувањето на Македонија кон НАТО и ЕУ, на продолжување на градење на соживот и заедничка иднина за сите нас, а особено за младите, рече Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Орбан: Немам време да дишам, а не пак да се сретнам со Груевски
-
Орбан: Сорос е впуштен во прогонот против Груевски, а тој е мој соработник!
-
Груевски: Добив сознание дека ми се подготвува ликвидација
-
Коалицијата „Сите за правично судење“ ја оспорува професионалноста на МВР за обезбедување на Груевски