За околу 270.000 ученици, од кои 188.000 основци и 80.000 средношколци, вчера беше последниот училишен ден од првото полугодие на 2016/2017 година. Зимскиот распуст ќе трае до 18 јануари 2017 кога ќе продолжи наставата.
Во учебната година треба да има 180 работни денови, а со оглед на тоа дека во оваа повеќе празници се во работни денови, зимскиот распуст е пократок за еден ден, појаснуваат во Министерството за образование и наука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.