| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе летаат глави: Путин бесен поради карикатурите во „Шарли ебдо“

Француското сатирично списание „Шарли ебдо“ објави во својот најнов број, карикатури на кои е прикажана несреќата на авионот на руското Министерство за одбрана, кое пред четири дена се сруши во Црното море, при што загинаа 92 лица, пишува „Репортер.мк.“

Москва бурно реагираше на карикатурите.

На еден цртеж е прикажан падот на авионот, во кој водачот на оркестарот го изведува тонот „а“ со натпис „Репертоар на хорот на Црвената армија се проширува“.

Комесарот за човекови права, за демократија и владеење на правото при Министерството за надворешни работи на Русија Константин Долгов изјави во средата дека тој француски мгазин го изгуби човековото достоинство објавувајќи ја карикатурата на несреќата на рускиот авион, пренесе Тас.

„Објавувањето на карикатурата на трагедијата на авионот Ту-154, вработените во „Шарли ебдо“ во целост ја отфрлија од редовите не само новинарите туку и сите цивилизирани луѓе“, напиша Долгов на Фејсбук.

Француското Министерство за надворешни работи соопшти дека раководството на Франција нема никаква врска со работата на овој магазин и дека вработените во редакцијата на тој неделник слободно можат да ги зиразат своите ставови.

Руската агенција наведува дека „Шарли ебдо“, во своето последно овогодишно издание, кое се најде на киосците во средата, објави и карикатура од неодамнешното убиство на рсукиот амбасадор Андреј Карлов во Турција.

Ова не е прв пат да истото француско списание објавува контроверзни карикатури поврзани со Русија – во ноември 2015 година објави цртежи на тена несреќата на рускиот авион „Когалимавиа“ А321 во Египет во кој загинаа 224 лица, што и тогаш предизвика остри критики на Русија, потсетува Тас.

Исто така во октомври 2016 година „Шарли ебдо“, ги објави и карикатурите на отворањето на Рускиот православен културен центар во Париз, додава руската агенција.

„Шарли ебдо“, кој меѓу останатото објавуваше и карикатури од пророкот Мухамед, стана познат ширум светот по 7 јануари 2015 година откако на редакцијата на тој весник во Париз беше извршен џихадистички напад во кој беа убиени 12 лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top