| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН Македонија ја поддржа манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје“

evn

Традиционално ЕВН Македонија ја поддржа манифестацијата „Новогодишните бои на Скопје“. Најубаво украсените двор, тераса, куќа и угостителски објект добија награди од градот Скопје и од ЕВН Македонија. За најубаво украсен угостителски објект во главниот град е прогласен ресторанот „Рагуза“, а ДСУ „Никола Карев“ има најубаво украсен двор од средните училишта. Денчо Наумов има најубаво украсен двор од индивидуална станбена куќа, а Богоја Китанчев најубаво украсена тераса.
ЕВН Македонија победниците ќе ги награди на тој начин што ќе им ја донира сметката за потрошена електрична енергија за месец декември.

– Со овие награди сакаме да ги мотивираме нашите корисници да ги разубавуваат своите домови, дворови и простории со што градот ќе добие прекрасен новогодишен лик. Традиционално ја подржуваме оваа манифестација, а се надевам дека во иднина исто така со градот Скопје ќе придонесуваме во разубавување на градот во овие предновогодишни денови – рече Игор Гиевски, член на УО на ЕВН Македонија.

На најдобрите во натпреварот со украсување градоначалникот на град Скопје, Коце Трајановски им врачи парични награди во вредност од 10.000 денари, а на традиционалните спонзори на манифестацијата „Новогодишни бои на Скопје” – ЕВН Македонија благодарница за соработката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top