| четврток, 6 декември 2018 |

Лестер купува играч со победнички менталитет, двапати го победил ракот!

acerbi

Веројатноста дека актуелниот шампион на Премиер лигата ќе ја одбрани титулата е речиси непостоечка, а борбата за опстанок станува сè пореална. Клаудио Раниери, тренерот на Лестер, е свесен дека мора да промени нешто во таборот на „лисиците“, а раководството го поддржа во првата негова идеја.

Очекувано е дека Раниери ќе бара поддршка за одбранбените редови на својот тим, а спас гледа во Франческо Ачерби, фудбалерот на Сасуоло. Раководството на Лестер засега одвои 10 милиони евра со желба да го донесе 19-годишниот дефанзивец уште во јануари, но од Сасуоло бараат дополнителни пет милиони евра.

Ачерби е поранешен фудбалер на Милан, двапати има настапено за националниот тим на Италија, но и двапати се има изборено со рак. Тој беше дијагностициран со рак на тестисите во 2013 година набрзо по потпишувањето со Сасуоло. Откако еднаш се избори со болеста, таа повторно се врати, кон крајот на истата година. По камбекот тој беше прогласен за еден од најдобрите дефанзивци на Итаалија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top