Шестмина прилепчани се осомничени дека на 16 месецов го ограбиле манастирот „Св. Спас“ во Крушево каде од магацинските простории одзеле предмети во вредност од 30.000 денари.
Кривична пријава за „тешка кражба“ за ограбениот манастир Полициската станица Крушево поднесе против Ќ.Ш. (35), Џ.А. (23), С.Ќ. (18), Е.Ќ. (21), С.Ј. (43) и К.М. (59), сите од Прилеп.
Според пријавата, на 16-ти месецов, вечерта околу 19 часот, пријавените влегле во дворот на манастирот „Св.Спас“ во Крушево по што Ќ.Ш., Џ.А. и С.Ќ. со употреба на физичка сила и погоден алат ги скршиле катанците од трите врати на магацински простории. Заедно со другите пријавени од просториите одзеле три мотори од фрижидери, два мотора од машини за перење, два бакарни котла, еден акумулатор и други предмети во вкупна вредност од околу 30.000 денари, информира Министерството за внатрешни работи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.