| четврток, 6 декември 2018 |

Бред Пит: Која добра мајка би им го направила тоа на децата?

На Бред Пит се чини дека му е доста од сè, па одлучил да возврати на нападите од Анџелина Џоли.
Откако е објавено дека Анџелина Џоли и Бред Пит се разведуваат, ниеден од нив двајца не зборуваше јавно за она што се случува. Меѓутоа, славниот актер одлучил да ја прекине тишината… и ги шокираше фановите нарекувајќи ја Џоли лоша мајка, пишува порталот „Стори”.
Актерот наводно под влијание на алкохол во текот на летото се расправал со неговиот најстар син и го нападнал, а Анџелина токму поради овој настан побарала развод и побарала Бред Пит редовно да се тестира на наркотици за да може да ги гледа децата.
Сè досега актерот мудро молчеше. Сепак, се чини дека на Бред му е доста од сè, па на суд упатил писмо за кое денес зборува целиот свет!

Имено, Бред во писмото кое во судот го доставил неговиот адвокат, побарал случајот Џоли – Пит да се запечати и ниеден детал од бракоразводната парница и расправата за старателство да не може да се најде во јавноста.ж

„Која добра мајка би ги изложила на тоа своите деца?“, се запрашал Пит.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top