Според истражувањето на инситутот Ипсос, убедливо најсакана екипа во Италија останува Јувентус со 8.316.000 регистрирани навивачи.
Тоа е двојно повеќе од втората екипа со најмногу приврзаници, Милан кој собра 4.201.000 фанови.
Интересно е што Јувентус има распространетост на навивачи низ целата држава, а не само во Торино и во областа Пјемонте. На третото место во изборот е Интер со 3.934.000 симпатизери. Следуваат Наполи со нешто под 3 милиони и Рома, која е петта во овој избор со 1.906.000 фанови.
Според оваа анализа, половина Италијанци се пасионирани вљубеници во фудбалот, а ниту процесот „Калчополи“ и падот на италијанскиот фудбал не предизвикаа намален интерес кај љубителите на најубавата споредна работа во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.