| четврток, 6 декември 2018 |

Сакате да привлечете пари?

pari

Сакате да привлечете пари, тогаш внимавајте каква боја ви е паричникот. Постојат пет бои, а секоја е совршена за одредени тип на човек. Проверете кој елемент сте го добиле според датумот на вашето раѓање.

Во кинеската астрологија годишниот циклус ги содржи петте елементи (дрво, оган, земја, метал и вода) во нивните јин и јанг форми. Годините односно знаците се наречени според 12-те животни: Глушец, Вол, Тигар, Зајак, Змеј, Змија, Коњ, Коза, Мајмун, Петел, Куче и Свиња.

Комбинирањето на сето ова дава 60-годишен циклус, кој започнува со “Јанг Дрвен Глушец” и завршува со “Јин Водена Свиња”. Годината која завршува со парен број е “јанг”, а со непарен е “јин”. Овој циклус тече на овој начин:

Ако годината заршува со 0 тоа е јанг метал.
Ако годината заршува со 1 тоа е јин метал.
Ако годината заршува со 2 тоа е јанг вода.
Ако годината заршува со 3 тоа е јин вода.
Ако годината заршува со 4 тоа е јанг дрво.
Ако годината заршува со 5 тоа е јин дрво.
Ако годината заршува со 6 тоа е јанг оган.
Ако годината заршува со 7 тоа е јин оган.
Ако годината заршува со 8 тоа е јанг земја.
Ако годината заршува со 9 тоа е јин земја.
Според кинескиот хороскоп еве каква боја треба да биде вашиот паричник.

Црвен

– за луѓе чиј елемент е оган или земја ( кај вода и металот слабо делува) – оваа боја уште одамна е позната по тоа што привлекува богатство. Многу брзо ја неутрализира негативната енергија.

Темно син

– за луѓе кои елемент е дрво или вода – оваа боја симболицира пари, а паричник со оваа боја не треба да го имаат луѓето родени во елементите на оганот или металот.

Црн

– за луѓе чиј елемент е дрво или вода -оваа боја на паричник треба да ги задржи парите и да привлече благососотојба во својот живот.

Жолт

– за луѓе чиј елемент е земја или метал – оваа ноја носи богатство и среќа, но не треба да го имаат чуѓето родени во елемнтот на оган или вода.

Зелен

– за луѓето чиј елемент е дрво или оган – оваа боја е избор ако сакате нов финасиски почеток, без оглед што се случувало во минатото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top