| четврток, 6 декември 2018 |

Теми за разговор на првиот љубовен состанок кои секогаш „палат“

razgovor

Резултатите од најновите истражувања ги предлагаат следниве теми за разговор на првиот љубоевн состанок. Зошто? Затоа што секогаш „палат“!

1. Разговарајте за патувања наместо за филмови

Истражувањето на Ричард Вајсман покажува дека бројот на парови кои на првиот состанок зборувале за филмови, а потоа стигнале и до втор состанок е помал од 9 проценти. За разлика од ова, паровите кои меѓусебно ги откриле искуствата од своите патувања многу повеќе откриваат засебе и со тоа ја будат желбата за втор состанок.

2. Не се важни само темите за разговор

Тајната е во начинот на кој разговарате. Доколку премногу зборувате и не му дозволувате на соговорникот да дојде до збор, мали се шансите за втор состанок. Истото важи и ако зборувате премалку – златната средина е вистинскиот избор.

3. Откријте тајна за себе

Истражувањата покажуваат дека откривањето на некоја своја тајна пред соговорникот ја засилува врската помеѓу двајцата. Нормално, преголемата или срамна тајна може да го предизвика спротивниот ефект, па затоа трудете се да откриете нешто симпатично за вас што никој друг не го знае.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top