Македонската економија в година се очекува да има пораст од 3 проценти според проекцијата на Владата и 3,5 проценти според Народната банка на Република Македонија.
Владата очекува дека порастот на економската активност в година ќе биде придвижен од извозот на стока и на услуги, кој е проектиран со пораст од 6 проценти на реална основа. Позитивно влијание се очекува да има разрешувањето на политичката криза со завршување на изборите врз довербата на домашните компании што пак ќе придонесе за зголемен пораст на инвестициите и на потрошувачката.
Градежништвото се очекува да има пораст опд 5,2 проценти, услужниот сектор 2,8 отсто, земјоделскиот сектор 2,3 проценти и индустријата да расте од околу 2 проценти.
Годинава што изминува се очекува да заврши со пораст на БДП повеќе од проекцијата од 2,3 проценти.
Во првите три квартали, како што рече министерот за финансии Кирил Миноски деновиве, има континуирано стапки на пораст на БДП, кои се движат над 2,5 проценти.
Народната банка на РМ според последната проекција смета дека порастот на македонската економија за годинава ќе изнесува 2,3 проценти.
НБРМ очекува закрепнување на економијата и порастот да достигне 3,5 проценти во 2017 и 2,7 проценти во 2018 година.
Носители на растот за годинава се инвестициите и увозот, а дополнителен импулс дава и приватната потрошувачка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.