Пандата Пан Пан, чие име значи „надеж“ на кинески, почина од рак во 32 година од животот.
Најстарата машка панда во заробеништво има повеќе од 130 потомци, што го прави татко на четвртина на пандите во светот, родени во заробеништво.
Пан Пан е роден во дивина во 1985 година во Кина, а титулата најстара панда во светот ја доби по смртта на Џиа Џиа, која почина во 39 година од животот, во Хонг Конг. Како младенче бил пронајден и спасен.
Според податоците на Светската фондација за заштита на диви животни, во светот живеат 1.864 панди.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.