| четврток, 6 декември 2018 |

Од утре ќе се будиме на -15

Стабилно и суво време со утринскa температурa под нулата се очекуваат од утре, a на повисоките места и на планините ќе се спушти и под -15 степени.

Утринската температура, според најавите од УХМР, утре ќе се движи од -12 во Маврово, -10 во Берово, -8 во Крива Паланка, – 6 во Тетово, Прилеп, Свети Николе, – 5 во Скопје, Охрид, Штип и Струмица, – 4 во Демир Капија и – 2 во Гевгелија. Температурата ќе остане под нулата и во текот на денот во Маврово – 5 и во Берово – 2 степени.

Максималната температура утре ќе достигне до 6 степени во Гевгелија. Во Скопје ќе биде три степени.

За новогодишната ноќ времето ќе биде вредро и многу студено со температура околу – 10 степени.

Дневната температура од недела ќе биде во благ пораст и ќе се движи од 4 до 9 степени, во понеделник од 5 до 10, вторник од 6 до 11 и среда од 3 до 9 степени. Утринската температура в недела ќе се движи од -14 до -6, в понеделник -12 до -5, вторник од -11 до -4 и в среда од -8 до 0 степени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top