| четврток, 6 декември 2018 |

Колку помладо, толку послатко – Бритни Спирс си фати момче!

britni

По неколкудневните шпекулации, манекенот и фитнес тренер Сам Асгхари потврди дека е во врска со Бритни Спирс со фотографиите кои набрзо ги избриша од социјалните мрежи.

Иранецот Сам Асгхари (22) е личен тренер, манекен и актер, а од неодамна и ново момче на Бритни Спирс (34). Се запознале на снимањето на нејзин спот, каде што Бритни го заведува, а наскоро Сaм објави фотографија од нив двајца на вечера. За Божик снимија и кратка видеочеститка којашто тој ја објави на социјалната мрежа, но набрзо ја избриша. Сам инаку е роден во Иран, а веќе девет години живее во САД. Глумел и во спотот на групата „Фифт хармони“ .

Тој се занимава со фитнес и има неверојатно тело, со коешто често се фали на социјалните мрежи. Бритни сè уште не ја коментирала врската.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top