Над 55.000 мигранти, чии барања за азил биле одбиени или кои доаѓаат од „безбедни“ земји, ја напуштиле Германија во периодот од јануари до ноември оваа година, јавува дописникот на МИА од Берлин.
Според германските медиуми, зголемениот број на доброволци што ја напуштиле земјата се должи на построгите правила за депортација на одбиените апликанти за азил, кои веќе не можат до недоглед да останат во Германија ако не им биде одобрно барањето.
Аналитичарите очекуваат овој тренд да се засили во иднина особено откако минатата недела беше откриено дека напаѓачот на берлинскиот божикен панаѓур Анис Амри бил на листа за депортација. но успеал да се ја избегне полициската контрола.
Според весникот „Зуд Дојче Цајтунг“, најголемиот број на мигранти кои доброволно се вратиле во своите земји потекнуваат од Албанија, Србија, Ирак, Косово, Авганистан и Иран.
Тие што заминуваат доброволно во своите матични земји добиваат паричен надомест од најмногу 3.000 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.