Вкупно 13 тима ќе бидат присутни на терен за време на новогодишните и божикни празници, службите за домашна посета ќе работат редовно, а за време на празниците ќе има и дежурни пунктови кои ќе работат 24 часа, вели д-р Татјана Баевска – Вучковиќ, директорка на Здравствениот дом „Скопје“ во разговор за „Република“.
– Службите на Здравствениот дом Скопје, како и секоја година така и оваа се подготовени да одговорат на барањата и потребите на граѓаните на град Скопје. Итната медицинска помош во текот на новогодишната ноќ и за божикните празници ќе работи со 13 тима на терен, службите за домашна посета ќе бидат во редовно работно време, дежурните пунктови ќе работат 24 часа за празничните денови – изјави Баевска – Вучковиќ.
Таа апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките кои тие ги издаваат.
– Граѓаните, од најмладо до најстаро да ги почитуваат препоракаите кои ги даваме за да си помогнеме едни на други, да одговориме на оние на кои најмногу сме им потребни – додава Баевска – Вучковиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст