| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Баевска – Вучковиќ: За празниците ќе има 13 тима на терен

Итната медицинска помош во текот на новогодишната ноќ и за божикните празници ќе работи со 13 тима на терен, службите за домашна посета ќе бидат во редовно работно време, дежурните пунктови ќе работат 24 часа за празничните денови

Вкупно 13 тима ќе бидат присутни на терен за време на новогодишните и божикни празници, службите за домашна посета ќе работат редовно, а за време на празниците ќе има и дежурни пунктови кои ќе работат 24 часа, вели д-р Татјана Баевска – Вучковиќ, директорка на Здравствениот дом „Скопје“ во разговор за „Република“.

– Службите на Здравствениот дом Скопје, како и секоја година така и оваа се подготовени да одговорат на барањата и потребите на граѓаните на град Скопје.  Итната медицинска помош во текот на новогодишната ноќ и за божикните празници ќе работи со 13 тима на терен, службите за домашна посета ќе бидат во редовно работно време, дежурните пунктови ќе работат 24 часа за празничните денови – изјави Баевска – Вучковиќ.

dr-tatjana-baevska-vuckovik-3-custom

Граѓаните, од најмладо до најстаро да ги почитуваат препоракаите кои ги даваме за да си помогнеме едни на други, вели д-р Баевска – Вучковиќ

Таа апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките кои тие ги издаваат.

– Граѓаните, од најмладо до најстаро да ги почитуваат препоракаите кои ги даваме за да си помогнеме едни на други, да одговориме на оние на кои најмногу сме им потребни – додава Баевска – Вучковиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top