Во натпревар од 14. коло на шпанската кошаркарска Ендеса лига, кошаркарите на Реал Мадрид на гостински терен против тимот на Реал Бетис се поразени со 86-85. За кошаркарите на Реал Мадрид ова е прв пораз оваа сезона, а во победата на Бетис, нашиот Војдан Стојановски постигна 10 поени, имаше три скока и две изгубени топки.
Тимот на Војдан Стојановски му парираше на „кралскиот клуб“, иако на средината на првиот дел гостите од Мадрид стигнаа и до +10 (29-39), но домаќините до одморот се вратија на негатива од -5 (41-46).
По паузата избраниците на Пабло Ласо одиграа уште една четвртина, која ја решија во своја полза и пред последните 10 минути влегоа со комотна предност од +9 (60-69).
Но, во последниот период кошаркарите на Бетис започнаа извонредно и по серијата 12-4 на пет минути до крајот, по тројката на Стојановски и поените на Махалбашиќ стигнаа на само -1 (72-73). На тоа Керол возврати со тројка за +4, до крајот се играше тесно и неизвесно, по поените на Трикуеро на 18 секунди пред крајот Бетис поведе со 86-85, што на крајот беше и конечен резултат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)