| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаете кога е вистинското време за брак?

%d1%81%d0%b2%d0%b0%d0%b4%d0%b1%d0%b0
Кога е вистинското време да започнете да живеете со вашиот партнер? Истражувањето кое е спроведено на примерок од 168 партнери покажало дека најсреќни се паровите кои се венчале после 25 месеци врска. Но, на среќниот брак влијаат уште некои работи…

Новото истражување кое било спроведено на примерок кој го сочинувале 633 високообразовани жени покажало дека оние жени кои имаат стабилен брак, пред венчавката биле со партнерот во врска во просек околу две и пол години. Долгите врски пред венчавката се добри бидејќи парот има шанса подобро да се запознае и да помине низ некои работи кои ги очекуваат подоцна во бракот.
Она што е многу важно за надминување на конфликтните ситуации е успешната комуникација.

Меѓутоа, иако постојат факти кои укажуваат дека 25 месеци врска се доволни за да се запознае партнерот и доволни за да одлучите да живеете со него или да се венчате, сепак на тоа можат да влијаат и индивидуални фактори. Ова време е само некоја средна граница која ќе ви даде можност да го запознаете партнерот малку подобро.
На крајот, годините поминати со партнерот и не се толку важен фактор, поважен е начинот на комуникација во врската и обостраното задоволство, бидејќи кога љубовта ќе помине со тек на време, она што ги одржува партнерите е добрата комуникација и почитта.

Неопходно е и пред бракот да разговарате за важните прашања кои се однесуваат на деца, религија, домашни миленичиња, начинот на живот, а најважно е дали се чувствувате среќно кога сте заедно.
Сепак, повеќето од нас познаваат по некој пар кој бил во врска само два месеци, а потоа се венчале и се задоволни од својот живот, а има и такви кои биле во врска многу долго време, но на крајот сепак, се разделиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top