По финалето на „Евровизија“, сигурно веќе добро ја знаете песната „Only Teardrops“, но еве некои помалку познати факти за Емели де Форест. Таа има корени во британското кралско семејство. Данската ѕвезда тврди дека нејзините предци биле поврзани со британското кралско семејство. Наводно, дедото на Емели бил вонбрачен син на кралот Едвард Седми. Нејзината мајка е од Данска, а татко ѝ, кој неодамна починал, е роден во Шведска.
Победата ѝ ја посвети на својата мајка бидејќи постојано ја поддржувала. Својот прв албум го објави пред „Евровизија“, а интересбо е што секогаш пее боса бидејќи смета дека чевлите, особено високите потпетици, ја ограничуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


