| четврток, 6 декември 2018 |

Хакери ја „умреа“ Бритни Спирс

Твитер профилот на Сони Мјузик е хакиран, а хакерите објавиле неколку лажни вести, меѓу кои и дека познатата пејачка Бритни Спирс починала, соопшти денеска компанијата.

_93144691_britneytweet2

Медиуми веднаш почнаа да ги пренесуваат „твитовите“: „RIP @britneyspears”, „#RIPBritney 1981-2016″…

Претставникот на Сони потврди дека профилот бил нападнат, како и дека тоа било набрзо поправено. Продукцијата и се извини на поп ѕвездата и нејзините фанови за вознемирувањето.

Твитер профилот на Сони Мјузик беше хакиран и во ноември 2014.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top