Претседателот на Република Српска, Милорад Додик вечерва во интервју за РТРС изјави дека американската амбасада во Босна и Херцеговина го одбила неговото барање за дипломатска виза за да присуствува на инагуарацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп, со објаснување дека таму не заминува како претставник на БиХ и покажал покана за свеченоста.
-Зошто тогаш и’ се дипломатски пасоши на БиХ?- прашува Додик и додава дека не ја исклучува можноста да се одрече од него и вели дека се’ поизвесно е дека следната година ќе патува со српски пасош, пренесува РТРС.
Претседателот на РС нагласил дека поканата ја добил од луѓе кои биле во изборниот штаб на Трамп и кои се дел од тимот кој што ја врши транзицијата на претходната американска администрација кон новата. Тој навел дека акредитацијата го чека во Вашингтон.
Додик за РТРС детално го прераскажал телефонскиот разговор од минатата недела со заменик помошникот на американскиот државен секретар Хојт Ји. Американскиот дипломат, како што тврди Додик, побарал тој да се откаже од политиките и да одговори на Обвинителството на БиХ. Сета ситуацијата Додик ја нарекол хајка во режија на американскиот амбасадор во БиХ, Морин Кормак.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.