Руското Министерство за одбрана денеска ги демантираше наодите дека на одредени тела на загинатите од патничкиот авион „Ту154“, кој се урна во Црно Море, се пронајдени појаси за спасување.
– Гласините кои доаѓаат од анонимни извори за тоа дека патниците од авионот наводно имале на себе појаси за спасување се срамни инсинуации кои немаат врска со реалноста – соопшти руското Министерство, јави ТАСС.
Во меѓувреме, руските нуркачи соопштија дека ги пронашле првите остатоци од авионот кој се урна вчера.
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти претходно дека истрагата за причината на падот на патничкиот авион „Ту154“ оди во четири правци, но дека нема докази дека терорстички напад или саботажа би можеле да бидат едни од причините.
– Четирите главни верзии се дека авионот погодил некој објект, неквалитетно гориво кое предизвикало губење на притисокот и на крајот прекин на работата на моторот, грешка на пилотот и технички проблем – наведе ФСБ.
Руски воен авион се урна вчера наутро во Црно Море, во близина на Сочи, а никој од 92 патници не преживеа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.