| четврток, 6 декември 2018 |

Менаџерот на Родригез потврди, Џејмс останува во Реал Мадрид

rodrigez

ПСЖ, Јувентус, Арсенал, Интер и Челси се само дел од тимовите кои го посакуваат Џејмс Родригез во нивните редови. Нивните желби ќе останат неостварени барем во текот на зимскиот преоден рок. Менаџерот на фудбалерот на Реал мадрид, Хорхе Мендес, ги демантира сите гласини во врска со преселба на Колумбиецот од „Сантијаго Бернабе“.

– Џејмс нема да го напушти Реал Мадрид во јануари, тоа е сè што можам да ви кажам во овој момент – кратко и јасно истакна Мендес.

Родригез пристигна во кралскиот клуб во 2014 година, а од актуелниот договор му преостануваат уште четири години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top