| четврток, 6 декември 2018 |

Вегани, вегетаријанци, фрутаријанци… а сега и ферментаријанци?

Тоа се луѓе што веруваат во филозофијата дека најмногу ни годи храна што е во процес на расипување.

Овој гастро-тренд потекнува од Калифорнија, а некои познати личности, вклучувајќи ја и Џесика Бил, веќе го пробале. Најпознати ферментирани намирници се кафе чоколада, јогурт, сирење, кефир, кисела зелка и краставички, а научниците од универзитетот „Кембриџ“ докажаа дека, ако редовно јадеме ферментирани производи со помала маснотија, можеме да го намалиме ризикот од развој на дијабетес тип 2 за 25 проценти.

Зошто ферментираната храна стана хит? Кога одредени намирници ферментираат, добрите бактерии и габички почнуваат да ја „јадат“ храната пред нас, па така ги разградуваат шеќерите и скробот и го олеснуваат исползувањето на хранливите материи. Некои ослободуваат млечна киселина, природен конзерванс, која во цревата поттикнува создавање добри бактерии. Значи, оваа храна е, всушност, природен антибиотик.

 

извор: „Убавина и здравје“

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top