| четврток, 6 декември 2018 |

Дожд од пари на автопат во Германија: Евра паѓале врз автомобилите, сите застанале

evra

Mаж кој заборавил да ја земе својата актовка од кровот на автомобилот, викендов предизвикал воодушевување на еден автопат во јужна Германија. Кога тргнал, од неа почнале по целата сообраќајница да летаат пари на задоволство на возачите кои доаѓале од зад него.

Откако застанал на бензиска пумпа, 62 годишниот маж од Велика Британија заборавил да си ја прибере својата ташна која претходно ја оставил над автомобилот, соопштила вчера германската полиција.

Како што раскажал еден од  вработените на бензиската пумпа, парите се разлетале наназад, а дел од возачите застанале и се пуштиле да ги собираат.

Несреќниот сопственик само мал дел од парите успеал да ги добие назад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top