Дефанзивецот на калчолигашот Наполи, Фаузи Гулам во иднина би можел да го облече дресот на Реал Мадрид, пренесува „Марка“. Според информациите, стратегот на „кралевите“, Зинедин Зидан смета дека алжирскиот одбранбен фудбалер може да биде квалитетно засилување за таа позиција на клубот.
Челниците на тимот од Мадрид се свесни дека нема лесно да ги обезбедат услугите на овој фудбалер и ќе мора да подготват голема сума на пари со цел да го доведат во тимот. Освен Реал Мадрид, за неговите услуги, се интересираат и биндеслигашот Баерн Минхен и премиерлигашот Челси. За потсетување „кралевите“ имаат забрана за трансфери во зимскиот преоден рок.
Тој се пресели во Наполи во 2014 година од редовите на Сент Етијен и се наметна како еден од најдобрите фудбалери на тимот на Маурицио Сари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)
-
Пет гола за едно полувреме: Севилја настрада на „Сантијаго Бернабе“ (видео)